Влатко Лозаноски со онлајн промоција ја лансираше својата нова песна Мандарина. Видео записот е достапен на неговиот Youtubeканал.
„Мандарина е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите, затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање, како и во видео записот кој се снимаше во Охрид и Струга“, изјави Влатко Лозаноски.
Видео записот за „Мандарина“е потпишан од Горила продукција. Како режисер на спотот е Огнен Шапкoвски. Како локации за оваа љубовна приказна беа избраниВила Модерна во Охрид и Плажата Версус во Струга.
Музиката и аранжманот за песната е на Лазар Цветкоски, текстот е дело на Магдалена Цветкоска и Милан Миланов Коса.