Феноменалната изведба на „Молитва“ на корејскиот натпревар за пеење „Фантом пејач“ ја виде и Марија Шерифовиќ, која не можеше да го сокрие своето воодушевување.
Како што нагласи во објавата, поради нејзините права за изведба, таа не беше во можност да објави снимка од нивниот настап на нејзиниот Инстаграм, но затоа им упати прекрасна порака до талентираните Корејци.
„Почитувани колеги, од се срце ви честитам. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ што некогаш сум ја чула. Ви посакувам сè најдобро во вашата кариера и натпреварот. И се гледаме наскоро“, напиша Марија.
Покрај тоа, Шерифовиќ испратила и приватна порака до еден од пејачите, а тој со неверување ја објавил на својот Инстаграм.
Во пораката, Марија исто така кажува дека е воодушевена од нивниот настап, а младиот пејач од возбуда не знаел како да реагира, па напишал: „О, Боже мој“.