Познатото панк трио, по непланираната четиригодишна пауза, се враќа на големата врата. Во новиот спот „Грин деј“ се претворија во маскирани ограбувачи, кои сакаат да влезат во банка.
Синглот Bang Bang доаѓа од албумот Revolution Radio, кој излегува на 7 октомври. Режисер на спотот е Тим Армстронг, а музичарите се во улога на ограбувачи на банки.
Тие имаат гумени маски, па изгледаат како опасна верзија на членовите на бендот. Во меѓувреме, вистински бенд свири на домашни забави и изведува нова песна.
Додека „Грин деј“ е преокупиран со забавување на гостите на забавата, дознаваме дека криминалците всушност се деца.
Били Џо Армстгронг откри за „Ролинг стоун“ дека песната е напишана од аголот на масовен убиец.
– Се случува насилство, но сето тоа се следи и сите сме под надзор на (социјалните мрежи). За мене тоа е толку чудно, рече фронтменот на групата „Грин деј“ објаснувајќи како песната настанала.