Неколку стотина жители на Белград играа денеска на плоштадот.
Оваа акција е организирана по повод месецот на солидарноста со постарите лица па затоа во флеш моб-от беа вклучени и лица од 40 до 80 години.
– Овде сум бидејќи сакам да танцувам и сакам да покажам дека и ние постарите имаме многу енергија и можеме се што можат и младите.
Песната е одлична, важно е да се игра и да се размрдаат старите коски, рече 80-годишната Нина Деветак.