Повеќе од 25 години по дебитанскиот албум „MCMXC А.D.“ од 1990 година, британската група „Енигма“ го претставува своето ново студиско издание „The Fall Of A Rebel Angel“.
Новото студиско издание, кое е прво по албумот „Sebven Lives Many Faces“ од 2008 година, има 12 песни, меѓу кои и „Daving“, „Agnus Dei“, „Confession Of The Mind“ и „Sadeness (Part II)“, за кои е достапен и придружен видеоспот.
Продукцијата на осмото студиско издание е на Мајкл Крету, музичар и продуцент кој стои зад музичкиот проект „Енигма’, за текстовите задолжен германскиот текстописец Михаел Кунц, додека обвивката на албумот ја дизајнираше Волфганг Белтрачи.
Вреди да се напоимене дека во новото издание „Енигма“ соработува со музичари како што Нанук, Марк Џошер, Анган и Аквиљо.