Раперот Еминем имаше прилично искрен и сочен говор против американскиот претседател Доналд Трамп во своето видео, емитувано на доделувањето на хип-хоп награди кое се одржа во Мајами.
– Расизмот е единственото нешто во коешто е фантастичен, рецитира Еминем во видеото кое тој го снимил со неколку пријатели во петокот, на паркинг во Детроит.
Најпродаваниот рапер во историјата го обвинува Трамп дека е „камиказа што веројатно ќе предизвика нуклеарен холокауст”, како што се вели во четири иполминутниот рап говор, одржан без музичка позадина. И, сето тоа зачинето со неколку пцовки на негова сметка.
Еминем имаше и посебен услов кон своите следбеници: „Или си мој фан, или си негов поддржувач, тоа е црвената линија”.