Денеска точно на пладне во кафулето „Драма“ на улица Македонија се одржа промоцијата на видео спотот за најновата песна на поп пеjачката Елена Ристеска, „Опасно време“ со која по едногодишна апстиненција, Елена супериорно се враќа на сцената во до сега невидено издание.
Видео клипот е различен од сето досега видено од Елена како видео продукција и е всушност „краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески.
Одлична песна и одличен видео запис, вреди да се слушне и да се види.