Екс Ју музиката, па дури и турбо фолкот навлезе и во Финска. Копирањето и обработката на музичките хитови од поранешна Југославија години е во тренд во оваа земја, а тамошните пеачи се натпреваруваат кој повеќе хитови ќе препее на фински јазик.
Здравко Чолиќ, Дорис Драговиќ, Кики Лесандриќ, па дури и Драгана Мирковиќ се само неколкуте изведувачи чии песни се вртат на финските телевизиски и радио станици, а голем дел од публиката и не знае дека напливот на хитови всушност се обработки од Балканот.
Финскиот пејач Јан Хурме стана познат токму со песните на Хари Верашановиќ, Џибони, Црвена Јабука.
Слушнете неколку песни од екс ју просторите како звучат на фински јазик.