Една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, пејачката Бијонсе одржа двочасовен концерт во Белград и официјално ја започна светската турнеја „Шоуто на госпоѓа Картер“.
„Ви благодарам! Никогаш нема да го заборавам своето прво шоу на турнејата и вашите убави лица“, рече Бијонсе, по два часа спектакл.
Бисот, и покрај скандирањето на публиката, изостана.
Според оценките на организаторите, на концертот на Бијонсе имаше околу 18 илјади луѓе.
Целиот концерт беше снимен од тимот на Бијонсе, а снимките од Белград ќе се најдат во новиот спот за синглот со кој Бијонсе ќе го најави новиот албум.
[nggallery id=173]