Култниот британски состав „Дипеш мод“ ја промовираше песната „Where’s The Revolution“, како пилот нумера на нивниот 14-ти студиски албум „Spirit“, кој ќе биде официјално објавен на 17 март.
„Where’s The Revolution“ е прва нова нумера на „Дипеш Мод“ по четири години.
– Безусловно сме горди на звукот и енергијата на албумот „Spirit“ и возбудени што ќе се вратиме на турнеја за да можеме албумот да го споделиме со обожавателите во целиот свет, истакна фронтменот на бендот Дејвид Ган.
На ова издание, групата првпат соработуваше со продуцентот Џејмс Форд.
„Дипеш мод“ во рамките на претстојната турнеја ќе оддржи 32 концети во 21 држава. Турнејата почнува на 5 мај во Шведска, а продолжува со концети во Италија, Франција, Шпанија, Унгарија, Словенија, Русија и во други држави, додека завршницата е во Романија на 23 јули.