Алтеранитвните панк-рокерски прилепчани Д Хаундс и скопскиот хипхопер Тони Зен снимија новогодишен пародичен дует што неслучајно е насловен „Среќна Нова“.
За оваа необична и уникатна соработка изработен е и видео запис, кој се снимаше на неколку локации во Прилеп, под режисерска палка на Даниел Јовески.
Музиката е на Д Хаундс, а делови од текстот се напишани со братска делба, по пола со Тони Зен. Аранжманот е на Д Хаундс и Нино Васков. Нино се потпишува и на продукцијата заедно со Стерео Рекордс. Пратечките вокали се на Марија Бунда.