Познатата пеачка Даниела Мартиновиќ (41) на овогодишниот Сплитски фестивал се претстави со песната „Бродолом”, направена од нејзиното момче Петар Грашо (36) и Антонија Шола (33).
Песната крена многу прачина поради двосмисленоста на зборовите во текстот кои алудираат на машките гениталии.
Сепак, оние со малку повеќе смисла за хумор ќе ја разберат шегата на авторите.
„Секоја виситнска девојка сака да се „лула“ на брод. Но, ако бродот е мал, многу лесно може да се случи да потоне“, вели Даниела, додавајќи дека со песната само сакала да ја извлече насмевката на луѓето.
Како и да е, ако не песната, тогаш видеозаписот нема да остави никого рамнодушен.