Бугарската народна пејачка Смиљана Захариева го доби признанието на „Гинис“ за најмоќниот глас на светот.
По барањето на комисија од Книгата на рекорди лани, таа ја отпеа народната „Излегол Дељо хајдутин” со моќност од 143,8 децибели. При еден од обидите, таа прво ја достигнала бројката од 131 децибел.
До овој миг, тој рекорд го држеше Ник Стефансон, со своите 123 децибели.
Смиљана е професионална пејачка од Пловдив и често настапува ширум светот.