По пауза од една деценија, легендарниот британски музичар Дејвид Робер Џоунс, попознат како Дејвид Боуви денеска, на неговиот 66-ти роденден, објави дека новиот дваесет и четврти по ред студиски албум насловен „The Next Day“ ќе биде објавен во март годинава.
Веста ја потврди синот на Боуви, филмскиот режисер Данкан Џонс, а истата е објавена и на официјалниот сајт на музичарот. Последниот албум кој го издаде Боуви беше „Reality“ во 2003 година.