Пред само 48 часа новата македонска ѕвезда, Ален Хасановиќ на јавноста и ја подари својата нова авторска песна која претставува емотивна балада во која многумина со сигурност ќе се препознаат, а истата веќе остварува одлична гледаност на Youtube и се најде како предлог за сите топ листи во регионот.
Видеозаписот е снимен на неколку атрактивни локации во Охрид под режисерската палка на Зати Продукција.
Третата студиска песна на Ален претставува емотивна балада испеана со многу емоции во негов стил. „Продала си љубав“ раскажува болна приказна во која Хасановиќ е заљубен и прави големи планови за заеднички живот со неговата девојка, но дознава дека всушност нејзината љубов е лажна. Девојката во видеото ја „продава“ својата младост и чест за пари и бисери, се мажи за повозрасен човек кој не го сака, а Ален со солзи во очите вели дека еден ден таа ќе ја сфати неговата болка.