Во Струмица се роди нов поп-рок бенд којшто веќе една година настапува во ноќните клубови и на најголемите случувања на локално ниво.
Првиот спот на бендот „АЛАРМ“ е за песната „Не ме допирај“. Музиката и текстот го напиша нивниот гитарист Димитар Арапов, а аранжманот е на Валентино Скендеровски.
Најсилен адут на бендот е младата Александра Јанева, талентираната средношколка којашто минатиот месец ја воодушеви јавноста со својата победа на Натпреварот на француска шансона.
За визуелизација на песната се погрижи Универзитетот за аудио визуелни уметности ЕСРА и како главни глумци се појавуваат Александра и Живко (вториот гитарист), двајцата матуранти од струмичката гимназија.
На 7 мај АЛАРМ, заедно со НОКАУТ, ќе имаат свој unplugged настап на хуманитарниот велигденски концерт во Струмица.