Кумановецот кој го освои регионот преку своите фантастични изведби на песни од Жељко Јоксимовиќ во минатата сезона на регионалното музичко издание на „Ѕвездите на Гранд“ и потпиша ексклузивен договор со српската продукција, Мартинијан Кириловски ја издаде својата нова песна насловена како „Усни како жар“ во која прв пат се појавува и како автор.
Новата песна „Усни на жар“ ја потпишуваат веќе докажаните автори со кои Кириловски редовно соработува. Музика и аранжманот се дело на Филип Антевски, текстот го напиша самиот Мартинијан, додека видеозаписот кој е работен во црно-бела техника го изработи режисерот Марко Димитриевски.
Пејачот изминатиов период е активен со свирки со својот бенд низ целата Македонија, а досега има издадено вкупно 6 песни. Доколку оваа година му се спојат сите коцки, јавноста може да го очекува и неговиот прв студиски албум кој би требало да се појави во продажба кон крајот на годината.