Уште еден неуспех на Ју-Ту

Од:

Новиот албум на групата Ју-Ту (U2), кој спектакуларно и контраверзно беше бесплатно поделен на сите корисници на Ајтјунс во септември, немаше ни најмлаку блескав старт на американските топ листа, откако се појави во регуларна комерцијална продажба.

Во првите денови на продажбата во САД продадени се само 28 илјади примероци на албумот „Songs of Innocence“, што беше доволно за само деветото место на Билборд листата на најпродаваните албуми.

На прво место е албумот на кантри групата на Флорида, „Џорџија Лајн“ – „Anything Goes“, кој е продаден во 197.000 примероци.

Пејачот на Ју-Ту, Боно на сите корисници на Ајтјуна кои приговараа дека автоматски го добиле „Songs of Innocence“, иако не го барале, ниту го сакале им порача дека идејата албумот да им биде поклонет на стотина илјади корисници е одраз на „мегаломанијата и великодушноста, и помалку на желбата за самопромоцијата и на длабок страв, дека она во кое се внесовме во овие изминати неколку години од живот, нема да биде слушнато“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски