Урнат светски рекорд во музичката индустрија

Од:

Сестраниот музичар, најпознат како фронтмен и основач на Вајт Страјпс, Џек Вајт, го урна рекордот во најбрзо објавен носач на звук за што му беа потребни три часа, 55 минути и 21 секунда, пишува весникот Тајм.

Како дел од „Record Store Day“, Вајт ја изведе насловната песна од неговиот албум „Lazaretto“ кој во  продажба стигнува на 10 јуни пред малубројна публика во Нешвил.

Веднаш после настапот снимката на винил ја објави „United Record pressing“. Фановите кои се задржале малку подолго можеа веднаш да го купат синглот.

Досегашниот рекорд го држеше швајцарската група Vollgas Kompanie која го објави „live“ албум,  само еден ден после снимањето.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски