Турски фолкер тврди дека и е татко на Адел

Од:

Мехмет Асар (52), фолк пејач од турскиот град Бодрум тврди дека британската поп-ѕвезда Адел му е ќерка.

Турскиот пејач сподели со јавноста дека имал куса романса со мајката на Адел, Пени Адкинс, додека таа била на одмор во неговиот град во јули 1987. Адел е родена во мај 1988 година.

– Си се допаднавме и имавме двонеделна афера. Таа го продолжи одморот и се врати во Англија еден месец подоцна. Потоа дојде уште двапати во Бодрум и остануваше по цел месец, раскажува тој.

Асар исто така смета дека одредени црти кај Адел потсеќаат на него, а пак, „нејзината интонација во песните изгледа, е генетичка”. Човекот ги покани двете дами нагости во турското летувалиште и истакна дека е подготвен да направи и ДНК тест, за да докаже дека е во право.

Во 2015, и самата Адел во интервју посочи дека има турски корени, како и шпански, покрај англиското етничко потекло.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ