Македонската група „Темпера“ со песната и видео спотот „Тивка река“ го најавува новиот, втор албум. Нивниот прв албум „Играј!“ беше издаден во 2014 година.
„Тивка река“ е песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која реализираната и возвратена љубов ја носи.
Песната е авторско дело на „Темпера“. Текстот е на Тања Тас. „Тивка река“ е снимена и продуцирана од Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје.
За оваа песна е направен и видео запис чиј концепт и режија е на режисерот Игор Иванов-Изи. Изработен е од продуцентската куќа ОХО. Песната е во продукција на групата „Темпера“ во состав: Тања Тас – вокал,
Драган Гиновски-Гино – гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски – бас гитара.