Теjлoр Свифт победничка на Американските музички награди

Од:

Тејлор Свифт освои четири награди, меѓу кои и онаа за изведувач на годината на овогодишните Американски музички награди, победувајќи ги Дрејк, Ед Ширан, „Имеџин дрегонс” и Пост Малоун.

Добитниците на овие награди се одредуваат преку интернет гласање.

– Оваа и секоја друга награда што ја добив вечерва, ми е дадена од народот, рече Свифт, напомнувајќи дека на 6 ноември, ќе се гласа и на конгресните избори, па ги повика Американците и тогаш да и дадат поддршка.

Имено, Свифт јавно го поддржа демократот од Тенеси, Фил Бредесон, кој е кандидат за член на Сенатот.

Конгресните избори беа доста актуелна тема на синоќешната свеченост, па дури и водеителката Трејси Елис Рос носеше маичка на која пишувше „Јас гласам”.

Свифт инаку влезе во историјата како најнаградуваната жена, со вкупно 23 Американски музички награди.

Иако годинава го имаше најпродаваниот албум и три број 1 хитови, Дрејк не доби ниедна награда.

Карди Би, пак, доби три награди, вклучително и онаа за најдобар хип-хоп/рап изведувач, што ја посвети на ќерка си која се роди изминатиов јули.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски