Во емотивна љубовна приказна раскажана преку танц со светло-сенки, Тамара Тодевска го претстави новиот спот за второнаградената тема на Скопскиот фестивал 2014 „Брод што тоне“. Матичната куќа на Тамара, Горила Филмс е продуцент на записот.
Спотот е сниман на главната сцена во МНТ.
Комплетен музички автор на песната е Роберт Билбилов. Кореографијата во спотот ја осмисли Олга Панго, а танците ги изведуваа врвни македонски балетски играчи.
Директор на фотографија на спотот е Александар Крстевски, додека режијата и монтажата се на Горан Костадинов.