Главната фризерка на Цеца, Светлана Бубањ од неодамна по вторпат се соочуваше со рак на дојка. И повторно успеа да го победи. Со малигните заболувања, таа се борела заедно со Светлана Ражњатовиќ и Мира Шкориќ крај себе.
„Пред седум години за првпат ми открија тумор на градите, додека бев на турнеја со Цеца. Со нас на турнејата беше и Мира. Тие две многу ми помогнаа кога станува збор за операцијата. Мира го ангажираше нејзиниот лекар коj ми беше максимално посветен. За жал, пред месец дена повторно ме оперираа од оваа болест, во, пет до дванаесет.
– Резулатите пристигнаа и сега се е во ред, а причината и во двата случаи е најверојатно стресот“, вели Буцка.
Таа ги повикува сите жени редовно да го посетуваат својот лекар со цел навремено откривање на какви било промени во организмот.
„Моментите додека се чекаат резултатите се ужасни. Неизвесноста убива. Од суштинско значење е човек да биде силен и никогаш да не се откажува. Одењето на преглед за сите жени треба да биде исто како и посетата на фризер или козметичар“, вели најпознатата стилистка за коса во Белград.