СУВ возилата се втор најголем извор на раст на емисиите на CO2 во последните 10 години

Од:

Зголемената продажба на автомобили СУВ, по енергетскиот сектор, е вториот најголем извор на глобален пораст на емисиите на јаглерод диоксид од 2010 до 2018 година, а емисијата на јаглерод од СУВ возилата е поголема од вкупната емисија на јаглерод во Велика Британија и Холандија, се вели во анализата на Меѓународната агенција за енергија, пренесува „Гардијан“.

Во тој период, СУВ возилата го удвоија својот глобален удел на пазарот од 17 отсто на 39 отсто, при што нивните годишни емисии се искачија на повеќе од 700 мегатони СО2.

Од 2010 до 2018 година, емисиите на јаглерод диоксид од енергетскиот сектор се зголемија за 1405 мегатони СО2, СУВ 544 мегатони СО2, тешката индустрија за 365 мегатони, камиони за 311 мегатони, авијацијата за 233 мегатони, бродовите за 80 мегатони, додека сите другите автомобили ги намалија нивните емисии за 75 мегатони C02.

Со зголемената продажба на СУВ возила, емисијата на автомобилски јаглерод диоксид се зголеми за четири пати за осум години.

Доколку СУВ-возачите би имале своја земја, таа држава би била седма во светот според емисиите на јаглерод.

Би можело да ве интересира

Емисиите на јаглероден диоксид во ЕУ го надминаа нивото од пред пандемијата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Снимки од дрон: Над Скопје облаци од чад, скопјани го дишат најотровниот воздух во светот

Кристијан Ландов

Светската индустрија за храна е одговорна за една третина од штетните гасови

Жарко Настоски

Јаглерод диоксидот во атмосферата оваа година има најголем раст од 1958 година

Омбудсманот почна постапка за контрола на српското Министерство за екологија заради загаденоста на воздухот

Почесто пријавување на загадувачите за почист воздух

Татјана Ташкова