(ВИДЕО) Снимки од дрон: Над Скопје облаци од чад, скопјани го дишат најотровниот воздух во светот

Од:

Скопје се наоѓа од второ па до десетто место на светската ранг листа за најзагадени градови, зависно од периодот на денот. Тоа значи дека жителите дишат отровен воздух. Утрово во 9 часот Скопје беше на 10 место, а веќе во наредниот час се качи на деветтото место. Во 11:30 минути, го зазема третото место на ранг листата со најзагадени градови во светот.

Цело утро воздухот во градот мириса на чад. На 160 метри повисоко, може да се видат и густите обвивки кои надвиснуваат над градот. Ако се погледне кон Водно, планината воопшто не се гледа. Од снимките кои ги направи „А1он“ може да се воочи дека облаци од чад има над цело Скопје.

Во моментот кога се направени снимките, квалитетот на воздухот во Скопје се движеше од 150 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Аеродром до 4 микрограми на метар кубен ПМ10 во Соње. Пет мерни станици покажаа дека нивото на ПМ10 честички е многу високо, како во Автокоманда, Бит пазар, Стар Аеродром, Реонски центар Аеродром, Бутел 2. Високо ниво на загаденост покажуваа 13 мерни станици, како во Железара, Топанско поле, Карпош 1,2,3,4, Козле, Капиштец, Ѓорче Петров, Црниче. Покачено ниво на ПМ10 честички покажуваа мерните станици во Тафталиџе 1 и Долно Нерези.

Со поскапувањето на струјата кое се очекува од јануари, проблемот со загадувањето се очекува да биде и поголем. Се очекува, се повеќе граѓани да се решат за греење да користат шпорети на дрва како поевтин начин за затполнување на нивните домови.

Дека состојбата со воздухот е алармантна говори и фактот дека од вчера се воведени мерки од новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Воведен е бесплатен превоз, ограничени се градежни активности, се контролираат градилиштата, а почесто треба да се мијат и улиците. Арсовска имаше и апел до вработените во Град Скопје да користат јавен превоз при доаѓање на работа, наместо автомобили.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов