Британската рок-група „Лед цепелин“ ја доби судската постапка започната 2014 година за наводен плагијат на песната „Stairway to Heaven“ од 1971 година.
Врховниот суд на САД одби да расправа за случајот, што значи дека претходната судска одлука, според која бендот е автор на песната, останува во сила.
Во 2014 година беше покрената постапка против „Лед цепелин“, во која се вели дека воведниот риф е украден од песната „Taurus“ нa американската група „Спирит”. Британскиот бенд го доби случајот на суд во 2016 година, но 2018 година беше поднесена жалба, која беше поддржана од Апелациониот суд во март годинава.
За пет години песната заработила 3,4 милиони долари.
Тужбата ја поднесе новинарот Мајкл Скидмор во име на починатиот пејач на „Спирит” – Ренди Волф. Обвинителите тврдеа дека „Лед цепелин“ ја слушнал песната на „Спирит” на заеднички настап во Бирмингем, Англија, 1970 година.
Музичките стручњаци сведочеа дека воведните звуци што се појавуваат во обете песни, се вообичаени во музиката со векови.