Ролинг Стоунс го најавија скорашниот почеток на својата претстојна, деветта светска турнеја, насловена „50 And Counting“.
Освен првите концерти во Канада, „Стоунси“ првпат по легендарните концерти во 1969 година, кога настапија пред 250.000 луѓе, ќе свират во лондонскиот Хајд парк. Ова засега е и нивниот единствен најавен концерт во Европа, покрај настапот во Гластонбери на 29 јуни.
Концертот во Хајд парк ќе се одржи на 6 јули, на истиот стадион на кој свиреа и во 1969 година, само три дена по смртта на нивниот тогашен гитарист Брајан Џонс, кој почина од предозирање.