Познатите „Спајсици“ повторно ќе се соберат поради турнејата, но во помал состав, без Викторија Бекам.
Четирите членки Ема, Мел С, Мел Б и Гери официјално го потврдија повторното обединување и ги известија фановите за датумите на турнејата низ Британија на друштвените мрежи, а сите се возбудени што повторно ќе се појават пред публиката.
Како што беше кажано, Пош Спајс или Викторија Бекам нема да биде во промотивното видео, а своето неучествување во турнејата го правда со тоа штo сака да се посвети на кариерата во модниот бизнис, наведува Daily Mail.
Турнејата почнува на 1-ви јуни 2019-та година, ќе има шест концерти и ќе заврши на 15-ти јуни.
Групата „Spice Girls“ жареше во деведесетите години, а се распаднаа во 2000-та година. Повторно се собраа во 2008 кога имаа турнеја во Европа и САД. Последен пат заедно настапуваа во Лондон, 2012-та година на свеченото заворање на Олимписките игри.
Викторија Бекам по овој повод се огласи на Инстаграм и им посака се најубаво на другите членови на Spice Girls.