Со концерт на Стинг в сабота повторно ќе биде отворена салата Батаклан во Париз

Од:

Со концерт на британскиот пејач Стинг в сабота, повторно ќе биде отворена салата Батаклан во Париз, ден пред годишнината од нападите на Исламска држава во кои загинаа 90 лица.

Картите во продажба беа пуштени вчера во 10 часот, а после помалку од еден час беше соопштено дека сите се продадени. Стинг (65), кој неодамна објави нов албум најави дека заработката од концертот ќе ја донира на хуманитарните организации кои им помаагаат на преживеаните во нападот.

– Со повторното отворање на Батаклан имаме две важни задачи. Прво, да се сетиме на оние кои смртно настрадаа во нападот пред една година и да им оддадеме почит, а втората е да го славиме животот и музиката кои ги претставува овој историски театар, порача Стинг.

На денот на годишнината на нападот, во недела 13 ноември, салата ќе биде затворена, а во знак на сеќавање на жртвите ќе биде откриена спомен-плоча.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски