Снимањето на нашиот 12. и последен студиски албум „Let It Be“ не беше ништо друго, освен измачување за сите членови, изјави Џон Ленон во едно интервју, чија снимка е ставена на аукција.
– Минувавме низ пекол. Често пати тоа ни се случуваше. Тешкотии имаше секогаш кога работевме на нешто, изјави Ленон во едночасовното интервју со радио диџејот и критичарот на „Вилиџ војс“, Хауард Смит.
Последниот албум на познатата група „Битлси“ „Let It Be“ е снимен во 1969 година, а списанието „Ролинг Стоун“ го оцени како еден од 500-те најдобри албуми на сите времиња. Една година по излегувањето беше снимен и документарец за неговото настанување со исто име.
Меѓутоа Ленон, кој е убиен во 1980 година во Њујорк, сметал дека „Let It Be“ е „чуден албум“, кој ја одразувал лошата енергија, што владеела меѓу него и неговите колеги од бендот, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.
– Ние всушност не го завршивме. Не го сакавме тоа. Пол не притискаше тоа да го сториме, изјави Ленон.
Снимката е еден од повеќе од сто предмети на „Битлси“, кои ќе се најдат на онлајн аукцијата, која ќе трае од 19 до 26 септември.