Поранешните ривали од музичките бендови „Бојзон“ и „Вестлајф“, Брајан МекФејден и Кејт Дафи објавија дека ќе формираат еден заеднички бенд под името „Бојлајф“.
Поранешните поп ѕвезди и „крадци на женски срца“, најавија и турнеја во Велика Британија во рамки на која ќе одржат 12 концерти и ќе изведуваат големи хитови од своите поранешни бендови.
– Брајан и јас разговаравме за ова веќе некое време и навистина е возбудливо што конечно можеме да објавиме дека бендот, односно дуетот, ќе се нарекува „Бојлајф“. Едвај чекаме да започнеме со турнејата и да ги споиме нашите фанови, изјави Кејт.
„Бојлајф“ не ја искучија можноста за проширување на бендот, најавија нови песни, а исто така и напоменаа дека планираат да снимат серија на ријалити документарци за новното соединување.
Бендовите „Бојзон“ и „Вестлајф“ беа исклучително популарни во деведесетите години, „Бојзон“ објавија пет албуми, а „Вестлајф“ десет, за кои двата бенда добија престижни награди.