Славните 2Cellos ќе одржат два концерти на Таксират

Од:

Поради интерес во земјава, но и во соседните земји, кој не стивнува ниту по веќе распродадениот концерт, организаторите Пасворд продукција најавуваат и втор концерт.

Во рамки на офф-програмата на Таксират, светската атракција 2Cellos официјално го потврди и својот втор концерт во Скопје и тоа како специјален гостин на главната вечер на фестивалот Таксират. Маестралните 2Cellos на 7. декември доаѓаат во Метрополис арена.

Супергрупата од двајца, 2Cellos на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоија целиот свет, со секој свој настап гарантира незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус. Националните хрватски и меѓународни награди на Лука и Стјепан не се бројат, а нивната виртуозност со воодушевување е прифатена секаде во светот. Речиси и да не постои престижна концертна сала во светот каде момците не измамиле громогласни аплаузи.

Од Нов Зеланд до Америка, 2CELLOS се прифатени со восхит и неверување во нивниот музичко сценски капацитет и особено се познати по огнената енергија и неизмерната љубов кон музиката која не можат да ја сокријат на сцена. Опуштени и секогаш подготвени да ја доведат публиката во еуфорија. Повод за концертите во Скопје е и нивниот нов, трет студиски албум – „Celloverse“ кој го објавија годинава и на кој покрај преработките на светските хитови во препознатливиот стил, Лука и Стјепан додадоа и авторски материјал.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски