Ирската кантавторка, Шинид О`Конор на 11 август ќе објави нов албум, под наслов „I’m Not Bossy, I’m The Boss“.
Тоа е продолжение на нејзините девет остварувања од 2011 година, јави „Digital Spy“.
На денот на објавата на албумот ќе излезе и насловниот сингл „Take Me to Church“.
Ден после излегувањето на албумот, добитничката на Греми ќе одржи концерт во Лондон за да го претстави новото студиско дело.