Славниот актер, режисер и музичар, Раде Шербеџија ќе одржи хуманитарен концерт во Лондон, во чест на Тоше Проески.
Концертот е закажан за 26-ти јануари, еден ден по роденденот на Тоше, а учество ќе земе и македонската пејачка со адреса на живеење во Лондон, Тања Цароска.
Според сценариото, ќе говори и српската актерка Весна Станоевиќ, која ќе се осврне на животот на Тоше Проески. Настанот е најавен како интимна вечер со истакнатиот актер, режисер и музичар, а ќе се одржи во клубот „Стади сосајети“ во западен Лондон.
Шербеџија отсекогаш го почитувал Тоше, и како личност и како уметник, па вели дека му причинува огромно задоволство што ќе се одржи овој концерт за легендарната македонска пејачка ѕвезда – Тоше Проески.
Инаку, за Раде Шербеџија ова е прв концерт по 10 години што ќе го одржи во Лондон.