Шакира е последната во низата музичари кои ги продадоа авторските права на своите дела, и тоа за милионски суми.
Таа ги продаде сите свои 145 песни, вклучувајќи ги и хитовите Hips Don’t Lie, Whenever, Wherever и She Wolf на фондот Hipgnosis Song, кој неодамна ја купи музиката од Блонди и Нил Јанг.
Ова се песните што ја направија Шакира латино пејачка со најмногу продадени албуми – над 80 милиони ширум светот.
Компанијата Hipgnosis Song не сакаше да открие колку платила за музиката на Шакира, но обично во такви случаи се дава проценетата сума која уметникот инаку би ја заработил од авторските права во следните 15 години.
И со данокот што таа нема да мора да го плаќа, се проценува дека одеднаш ќе ги добие парите што инаку периодично би ги добивала во следните 25 години.
За музичарите, ваквите аранжмани обезбедуваат моментална финансиска сигурност, додека Hipgnosis, кој сега ги поседува овие песни, веројатно се надева дека ќе профитира од новите стриминг услуги на кои ќе се најдат овие песни, од лиценци за употреба во филмови и серии, реклами, корици и настапи од други музичари.