Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја

Од:

Поради пандемијата на коронавирусот, познатата канадска пејачка Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја што беше закажана за периодот од 16 март до 16 јуни оваа 2021 година. Новите датуми се поместени меѓу 25 мај и 24 септември 2022 година, објави нејзиниот тим.

Спорред новите најави, „Светската турнеја на храброста“ во Европа почнува со концерт на 25 мај следната година во Бирмингем, Англија. Ова е второ одложување на турнејата – првично планирана за 2020 година.

– Навистина се надевав дека ќе се видиме во Европа оваа пролет, но за жал мора да почекаме уште малку, ситуацијата сè уште не е доволно безбедна, рече пејачката во своја видеопорака, на француски и англиски јазик.

За во Париз се предвидени неколку концерти догодина – на 16., 17., 20., 21., 23. и 24 септември.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски