По две години брак, фронтменот на „Рибја Чорба“, Бора Ѓоргевиќ се разведел од својата 28 години помала животна сопатничка, Александра.
Познатиот српски рок пејач пред неколку месеци официјално му ставил крај на бракот, како што зборуваат нивните пријатели, поради честите кавги и, пред сè, разликата во гледиштата.
По разводот Бора останал во Белград, а таа се преселила во Горни Милановац, од каде што и потекнува.
Пријателите на Бора тврдат дека Александра во почетокот многу позитивно влијаела на него, но како што минувало времето, меѓу нив се појавувале се повеќе несогласувања, главно затоа што таа побала нов стан во елитниот дел на Белград, а потоа и викендица и свој салон за убавина.
Лидерот на групата „Рибја чорба“ наводно паднал во финансиска криза и во почетокот на годинава го продал својот стан за да и купи на Александра тоа што побарала.
– Бора се согласи на се што Сандра посака, иако таа никогаш не се пресели кај него целосно. Тој имаше стан со добра локација во кој живееше сам, а таа инсистираше да се купи нов каде што ќе живеат заедно. Тука се појавија и несогласувањата со неговите деца, кои не сакаа тој стан да биде продаден, барем не во овој момент. Во исто време тој ја гредеше и нивната викендица, но и салонот за убавина што му го побара. Не успеа на време да заврши се. Падна во криза, а таа на крајот, и покрај тоа што му зема се, си замина и го остави“, раскажа еден од пријателите на Бора.
И порано се појавува во медиумите гласини за расправиите помеѓу него и Александра, но сето тоа Бора го негираше.
Бракот помеѓу 59-годишниот музичар и 31-годишната Александра, започна во ноември 2009 година.