Светот денеска ќе добие уште една атракција во спомен на рок ѕвездата Дејвид Боуви.
Во кампусот на универзитетот во Сараево ќе биде поставен најголемиот мурал посветен на Боуви.
Во изработката на муралот, со големина од 13 на 10,5 метри, учествувале група ентузијасти и уметници кои се потпишуваат како „Bowie team Sarajevo“.
– Најголемиот мурал во светот посветен на Боуви ќе биде уште една значителна туристичка одредница во Сараево, соопшти Амбасадата на Велика Британија во БиХ, чиј амбасадор ќе присуствува на откривањето на муралот.