Сан Су Чи одела напред како во песната на Боно

Од:

Откако во саботата лидерката на мјанмарската опозиција Аунг Сан Су Чи ја прими Нобеловата награда за мир, по точно 21 година откако и беше доделена, денеска таа заедно со фронтменот на „Ју Ту“, Боно Вокс се сретнаа во Осло и ги здружија силите во борбата за демократија.

Во 2000 година популарниот Боно ja напиша песната „Walk On” посветена на Нобеловката, која долги години живееше во притвор. Во 2009 година, целата светска турнеја на „Ју ту“ и беше посветена нејзе, ни никогаш порано не се имаа сретнато.

Сан Чи изјави дека многу ја сака оваа песна, која е напишана од гледна точка на нејзиниот сопруг кому не му беше дозволено да ја види од 1995 година, па се до неговата смрт од рак во 1999 година.

-Ми се допаѓа “Walk On” затоа што е многу блиску до тоа како се чувствувам, изјави Су Чи, која утре полни 67 години и додаде „добро е да имате поддржувачи, да имате симпатизери и луѓе кои ве разбираат, но на крајот ќе сфатите дека наважни од се ви се вашите две нозе кои секогаш ве носат понатаму“.

Боно и Сан Чи од осло продолжија заедно за Даблин каде што ќе се одржи концерт во нејзина чест.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски