„Сан“ го исмеа омотот за божиќниот албум на Кичо Слабинац

Од:

Британскиот таблоид „Сан“ го исмеа омотот за прочуениот божиќен албум на хрватскиот пејач Кичо Слабинац – „Christmas with Kićo”, оценувајќи го како најгрд омот на сите времиња.

Слабинац, 37 години по објавувањето на албумот, во најновото ТВ-интервју повторно се облече како Дедо Мраз и ја прокоментира статијата на „Сан“ од пред извесно време.

На сликата од 1982 година, пејачот е во костим на Дедо Мраз, но со сини веѓи и жолти мустаќи, но и изморен и тажен поглед.

– Тие бои се појавија сосем случајно… Беше забранет увоз на боја однадвор, па омотот беше печатен само со на што го имавме. Така јас добив сини веѓи и жолта брада, кусо објасни Слабинац во интервјуто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Brass Brothers“ ја снимија првата авторска песна

Ана Ололовска

„Дивље јагоде“ со новиот албум на медиумска промоција во Скопје

Ана Ололовска

Метју Витакер – слепото момче кое е виртуоз на пијано

А1он

ВИДЕО: Холограмскиот настап на Витни Хјустон ги изненади сите

А1он

Лана дел Реј ја откажа својата турнеја

А1он

Џастин Бибер објавува нов албум, прв по пет години пауза

Ана Ололовска