Сајмон Галуп објави дека веќе не е член на „Кјур“

Од:

Музичарот Сајмон Галуп објави на Фејсбук дека веќе не е член на британскиот „готски рок“ бенд „Кјур“ (The ​​Cure). Тој досега е вкупно 40 години член на групата.

„Со малку тешко срце, јас повеќе не сум член на ‘Кјур’. Со среќа, на сите нив”, напиша 61-годишниот басист.

Под објавата, ообожавателка го праша дали е добро, на што тој одговори – „Добро сум, само ми е преку глава од предавства“.

Сајмон се приклучи на бендот во 1979 година, но го напушти во 1982 година. Се врати две години подоцна и беше во бендот, според ова – до викендов.

„Кјур“ сѐ уште официјално не објавиле заминување на Галуп од групата, но клавијатуристот Роџер О’Донел објави: „Еден пријател тукушто ми рече дека го видел Лол како купува бас (?????)“ – мислејќи на Лол Толхерст, поранешен тапанар, клавијатурист и еден од основачите на рок-бендот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски