Членовите на легендарната рок-група „Ролинг Стоунс“ уште еднаш покажаа дека и покрај годините се уште се оригинални момци кои се омилени низ целиот свет.
„Ролинг Стоунс“ со синоќешниот настап во лондонската Арена 02 одбележаа 50 години во музичката индустрија.
Познатите рокери беа соодветно облечени за прославата на својата 50-годишнина, а извонредниот Мик Џегер носеше шешир и одело во црно-бела боја.
На годишнината учествуваа и поранешните членови на бендот, басистот Бил Вуман кој сега има 76 години, а бендот го напушти пред 20 години, и гитаристот Мик Тејлор кој има 63 години, а групата ја напушти во 1974 година.