Ирската рок група Ју Ту синоќа го откажа својот планиран концерт во американскиот град Сент Луис, во државата Мисури, на само 10 часа пред неговиот почеток. Причина за ваквата одлука се завчерашните немири во овој град предизавикани од одлуката на локалниот суд да го ослободи поранешниот полицаец белец за убиството сторено во 2011 година врз црно лице, осомничено за некаков ситен криминал, пренесе ТАСС.
„Не можеме да ја ризикуваме безбедноста на своите приврзаници. Жалиме за оваа одлука, но сметаме дека таа е единствено исправна“, се наведува во соопштението поместено на сајтот на групата.
Локалните медиуми наведуваат дека градската полиција ги информирала музичарите дека не може да им ја гарантира безбедноста на концертот. Купените билети ќе бидат компензирани во целосен износ.