Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ загуби 4 милиони поради поддршка на Палестинците

Од:

Легендарниот член на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс наводно се соочува во големи проблеми, поради повикот за бојкот на Израел.

Вотерс планира најголема и најскапа турнеја досега, но поради неговите политички ставови ја ззгуби поддршката на „Американ Експрес“, кој одлучи да му скрати спонзорство од четири милиони долари, пишува „Пејџ Сикс“.

Компанијата „Американ Експрес“ го спонзорира фестивалот „Олдчела“ каде Вотерс настапи со многу други рок легенди. Во текот на концертот тој објави неколку фотографии против Доналд Трамп нарекѕвајќи го „арогантен, лажго, сексист, расист“, но повика и на солидарност со студентите, кои се борат за правата на Палестинците.

Тој ги повика присутните да го поддржат контроверзниот студентско движење БДС, кое се залага за бојкот и санкции кон Израел, додека не се реши палестинското прашање.

Извор од „Американ Експрес“ за „Пејџ Сикс“ изјави дека Роџер за својата голема турнеја од компанијата побарал спонзорствао од четири милиони долари. – Ние се откажавме од тоа, затоа што не сакаме да бидеме дел од антиизраелската реторика, додаде изворотод компанијата.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски