Светската музичка ѕвезда Роби Вилијам ќе настапи во Загреб. Во оквирот на неговата европска турнеја „Take The Crown”, на 13-ти август ќе одржи концерт на стадионот Максимир.
Целата турнеја на Вилијамс е конципирана за стадиони, а поради недостаток на адекватен простор ова е единственото место во регионот, на кој ќе одржи концерт.
Продажбата на карти ќе започне од петок, а ќе може да се најде на сите продажни места на системот „Евентим“ со цена од 34 до 160 евра.