Ријана им се извини на муслиманите, откако ненамерно ги навреди со песна

Од:

Пејачката и дизајнерка Ријана им се извини на своите обожаватели муслимани, затоа што во нејзиното интернет шоу беше употребена навредлива песна.

Се работи за нумерата „Doom“ на лондонскиот продуцент Куку Клои. Песната се наоѓа на официјалниот саундтрак на шоуто, но меѓу другото, таа вклучува и верски исламски стихови, поточно преработка на прераскажувањето на Хадит со зборовите на пророкот Мухамед за крајот на времето и судниот ден. Тоа, многу муслимани – следачи на дизајнерката, го оценија како навредливо.

„Би сакала да им се заблагодарам на муслиманите што укажаа на огромниот превид што ненамерно се случи, и беше навредлив, во нашето шоу ‘Севиџ икс Фенти’. И, што е уште поважно, сакам да Ви се извинам за оваа чесна, а сепак невнимателна грешка. Ние разбираме дека повредивме многу од нашите браќа и сестри муслимани, и тоа многу ме погоди во срце! Благодарам за Вашата прошка и за разбирањето“, напиша Ријана на Инстаграм.

Видеото со песната беше тргнато.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски