Во Велика Британија 2013-та ќе биде година во која ќе биде забележана уште една рекордна продажба на синглови, прогнозира британската агенција „Офишал Чатс Компани“.
Ова е петта година по ред продажбата на одделни песни да го соборува рекордот во оваа земја во која во 2012 година се продадени 188,6 милиони синглови, што е шест отсто повеќе, во однос на претходната година.
Оваа година речиси секој сингл во топ 40 листата е продаден во над 300 илјади примероци. Најголем успех постигна синглот „Get Lucky“ на Дафт Панк, кој од објавувањето пред десет недели е продаден во повеќе од милион примероци.
На второ место е песната „Blurred Lines“ на Робин Тике, која за еден месец постигна тираж од 850 илјади примероци, а на трето е „Trift Shop“ на Маклмор и Рајан Луис со 680 илјади примероци. На четвртата позиција е „Just Give Me A Reason“ на пејачката Пинк, а на петто е „Mirrors“ на Џастин Тимберлејк.