Јонхап – Сеул
АОА 53 месеци, ЕКСИД 52 месеци, Грлс деј 32 месеци и Мамаму 30 месеци. Твајс и Блекпинк? Непознато.
Можеби ќе си помислите дека претходново се однесува на тоа колку време им било потребно на ѕвезди К-поп изведувачи да станат славни. Овие групи всушност многу брзо станале славни. Бројките означуваат колку време им било потребно за да го издадат својот прв долгосвирешки студиски албум, кои ти го нарекуваат прв „регуларен албум“. За оние на кои не им е позната терминологијата и стандардите на музичката индустрија, ова можеби е збунувачко – објавата на првиот албум цела година по нивното деби? Да разјасниме, постојат и ЕП (екстендед плеј) албуми и дигитални синглови, со кои претходно спомнатите групи ја изградија својата репутација пред да ги издадат својите први регуларни албуми.
Да се оди назад во времето пред стриминг ерата на К-попот, вообичаено значи да се има мејнстрим деби преку продуцирање и издавање на целосен студиски албум. Идејата сега е дека продавањето на музика за шиорките маси е тешко, па затоа квалитетот о обемот треба да се задоволат извесни нивоа на стандарди. Тогаш, во 90-ите, стандардот или отскочната штица за продавање на музика беше форматот целосен албум, кој воглавно се продаваше на печатени цедиња. Хит албумите се продаваа и по неколку милиони примероци.
Но во денешното доба на колку-што-можеш-спуштиш-музика, таквите долгосвиречки албуми, со сите свои цели и намери, брзо исчезнуваат. Дупката се пополнува со успешни ЕП албуми и дигитални синглови, со што бавно се замаглува впечатокот за музичката индустрија за регуларности во смисол на циклусот и фреквенцијата на формати изданија.
Зошто К-попот го напушта или избегнува форматот регуларен албум? Во основа тоа е резултат на конкуренцијата на вжештениот пазар и заради економски причини.
Ајде малку историја. К-попот нарасна во невидени граници во изминатата деценија и нешто повеќе.Вкупно, годишнатата продажба во музичката индустрија во 2015 година порасна на 4,8 трилиони вони (4,23 милијарди долари), во споредба со 1,8 трилиони вони во 2005 година.
И конкуренцијата шесткратно нарасна, а бројот на агенции за промоција на таленти како печурки изразна со надежта дека ќе се создадат следни Грлс џенерејшн, ЕКСО или БиТиЕс. Затоа конзументите се преплавени со свежи производи, додека компаниите за забава целат да зграпчат парче од тортата која постојано расте.
Но алчноста доведе до фундаментален проблем со нови изведувачи и песни кои ефикасно се „јадат меѓу себе“.
Замислете да продуцирате скап регуларен албум повеќе од една година, кој на самото објавување ќе биде прогласен за мртов. Ниту еден изведувач ниту компанија сака тоа да го доживее. Ова ги натера сите големи компании за забава и изведувачи да ја изнесуваат музиката во мали дози и прелу почести изданија.
ЕП албумите, кои содржат од три до најмногу седум песни, чинат многу помалку и, што е уште поважно, почесто можат да се појавуваат на полиците. Издавањето на помали и почести Еп албуми има логика од бизнис перспектива. А почестите нови изданија даваат повеќе шанси за претставување во јавноста. Се разбира, дигиталните синглови се уште поефикасни во таа смисла.
С.М.ентертејтмент е на чело на ова движење. Најголемата агенција за промоција на таленти во земјата преориентира голем дел од својот музички бизнис кон Стејшн, проектото на оваа компанија за неделно издавање на дигитални синглови каде учествуваат многу од нивниот каталог на изведувачи. Стејшн е одговорот на компанијата на растечкиот тренд со кој сигловите или ЕП албумите, наспроти регуларните албуми, стануваат поважни за популарноста на изведувачите и компанијата, за учество на пазарот и конечно за приходите.
И друигите компании правата се нивните изведувачи да добијат доволно и често присуство на пазарот прели мерење на изданијата. На пример, главната женска група Твајс на ЏејЈуПи ентертејнмент издала три број еден песни: „ТТ“, „Нок нок“ и „Сигнал“ – само во првата половина од 2017 година.
ЏиФренд во 2015 издале три ЕП албуми, познати како „школската трилогија“, за само една година, по што следувал нивниот прв регуларен албум „ЛОЛ“ во јули 2016. Најновата песна на ЏиФренд, „Авејкенинг“, која излезе во март годинава, исто беше во ЕП формат.
Гаон чарт, референтната јужнокорејска фирма за следење на онлајн продажбата на музиката, покажува дека помеѓу првите десет албуми кои се продале во неделата меѓу 11 и 17 јуни, само една плоча, онаа „Санрајс“ на Деј 6, е регуларен албум.
Тоа не значи дека сите идол групи се тргаат настрана од издавањето целосни албуми. ЛавлиЗ од средната по големина компанија Вулим ентертејмент го направи своето деби преку регуларен албум во 2014 година. Оваа женска група го издаде вториот албум во февруари годинава. Но екипата не прави луксузни пополнувања во меѓувреме, со издавање на ЕП албуми или дигитални синглови на секои четири до шест месеци.
Хардкор музичките фанови се приклучуваат на овој тренд и се среќни да трошат пари на нивните омилени изведувачи.
-Ова е како да гледате телевизиско шоу. Кога ќе се навлечете на некоја драма сакате да гледате уште од неа. ЕП-ијата и дигиталните синглови можат да го овозможат тоа барање на фановите, вели Ким Чул-хун, 40-годишен службеник од Сеул.
Но некои пуританци ова го сметаат како бизнисот го уништува духот на уметноста во музиката.
-Изведувачите се горди кога ќе создадат кохезивен добро испродуциран албум. Од листата на песни до обвивката, албумот вообичаено е унифициран концепт или визија на изведувачот. Тоа изгледа во К-попот исчезнува, вели Ох Кју-јеол, 39-годишен работник од Сеул.
Доброупатените сметаат дека трката за компаниите и изведувачите да издаваат што почесто нови материјали со цел да останат релевантни на хипер-конкуренсткиот музички пазар, а уште повеќе ако изведувачот е нова ѕвезда. Не се искучок ниту пејачите и авторите на песните, кои треба да војуваат за сценското светло во ова море од идоли музичари.
– Од перспектива на изведувачите, конкурентскиот пејсаж е претеран. Пејачите уживаат во проектите како ЕП и дигитални синглови, но мнозина исто така сакаат да се одморат и целосно да се посветат на кохеизивна работа на регуларен албум, рече еден претставник во средно-голема музичка куќа.
Набљудувачите предвидуваат дека со текот на времето циклусот на музичките изданија и формати ќе стане се пофрагментиран.
-Кога се повеќе изведувачи избегнуваат да објавуваат регуларни албуми, идејата за „регуларно“ станува се понедостижна, рече Чанг Деок-хјун, културен коментатор од Сеул. „Како што се распали дебата по повод издавањето на албумот на Џи-Драгхонс на уесбе, изгледа оваа индустрија се соочува со одлуката дали да се менува дефиницијата за тоа што значи регуларен албум“.