Калифорнискиот бенд Ред Хот Чилипеперс почна да работи на нов албум што треба да се најде во продажба во октомври 2015 година.
Нивниот последен студиски албум I’m with you беше објавен во 2011 година.
Басистот Фил изјави за Ролинг Стоун дека групата компонирала повеќе од 30 песни.
– Новиот материјал е кул, фанки со многу ритам за игра и по некоја интроспектива, убава песна, изјави Фил.
Тоа ќе биде втор албум што Пеперси ќе го снимат со Џош Клингхофер кој во 2009 година го замени Џон Фрушанте.